ЛАГ ПРЕСПА – Ресен

Здружението за рурален развој ЛОКАЛНА АКЦИОНА ГРУПА ПРЕСПА – Ресен се организира и делува на подрачјето на територијата на општина Ресен и е формирано со цел слободно здружување, заради остварување одржлив рурален развој и социо – економска сигурност, како и остварување на заедничките цели и интереси, преку информирање и едуцирање на локалното рурално население.

Целта на Лаг Преспа е да придонесе во руралниот развој на територијата на која делува, како и подобрување на квалитетот на живот на населението во руралните средини преку прибирање на финансиски средства од различни донатори и реализација на проекти од најразлични области ЛАГ-от Преспа е основан во рамки на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион (ПеЛАГонија ЛЕАДЕР)” кој се спроведува од страна на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион (ЦРППР) како компонента од УСАИД проектот „Експанзија на мали бизниси” управуван од Корпорацијата КАРАНА во кое основачи се членови од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор на територијата на општина Ресен.

Територијата на ЛАГ-от Преспа е идентична со територијата на Општина Ресен. Според Списокот на рурални средини и рурални заедници, Општина Ресен е целосно рурална средина (брои помалку од 30.000 жители). Територијата на ЛАГ-от Преспа се граничи со општините Охрид, Демир Хисар и Битола, додека на југ се граничи со Република Албанија и Република Грција. Територијата на ЛАГ-от Преспа се наоѓа во Преспанската Котлина и опфаќа површина од 739 км2, поделена на копно со 562 км2 и вода со 177 км2.

Здружение за  рурален развој

ЛАГ ПРЕСПА – Ресен

ул. „29-ти Ноември“ број 55. 7310 Ресен,

Република Македонија

e-mail: prespalag@gmail.com

www. prespalag.com