Центар за Граѓанска Иницијатива

cgi

Центар за граѓанска иницијатива (ЦГИ) е непартиска, непро­фит­­на организација фор­ми­­ра­на на 24 Maj 1997 во Прилеп, Р. Македо­нија. Примар­ните цели на ЦГИ се да го помага развојот на демо­кра­ти­­јата и цивилното оп­штес­тво во Маке­до­­ни­ја, да ги прив­ле­че граѓа­ни­­те во еду­ка­ци­ја­та и да промо­вира позитив­ни про­ме­ни во нивната оп­шти­на и земја.

НАШАТА ВИЗИЈА

ЦГИ како водечка НВО во регионот има развиени партнерски односи со сите реле-вантни актери и ги задоволува интересите на граѓаните, а со тоа придонесува кон подобар живот во заедницата.

НАШАТА МИСИЈА

ЦГИ во соработка со невладини, владини ор­­гани­­­зации и бизнис секторот ги мотивира граѓаните да делуваат во изградба на граѓанското општество во РМ и пошироко.

КРАЈНА ЦЕЛ

Крајната цел на ЦГИ е сите граѓани да имаат еднакви човекови права, да бидат вклучени во процесите на одлучу­вање и да имаат еднаков пристап во образо­вани­ето.

Идентификувајќи ги потребите на заедниците во нашата земја и во Западен Балкан, го структуриравме нашето влијание работејќи на три главни програми:

  • Човекови права и демократија
  • Развој на НВО секторот
  • Подобрување на работата на јавната администрација и локалната власт

Што работиме …

Градиме капацитети – во текот нанашата работание ги имаме развиеноипродолжуваме да ги развиваме, нашите способности во различни сферисоздавајќи базен наексперти кои можат даги пренесатзнаењатана саканитецелни групи

  • тренинзи за човекови права
  • Организациски развој
  • Менаџирање на проектен циклус
  • Трансформирање на конфликти

Консултации – ги користиме нашите ресурси за консултации за различни видови на организации обезбедувајќи менторство за време на развојниот процес

Правна помош – работејќи за заедницата обезбедување правна помош за жртви на полициска злоупотреба

Подигање на свеста – промената може да се предизвика само доколку и се обезбедат доволно информации на заедницата неопходни за да се стимулира промената, поради тоа организираме различни видови на активности за подигање на свеста преку споделување на информации, образование, медиуми и активности со деца

Превенција – ние ја гледаме превенцијатакако основа занадминување на проблемитена патот наразвојот на заедницата. Покрај тоа, имамепосветеномногу ресурсиза компонентапревенција восекоја од специфичнитепрограмски областина нашата организација.

Развој на алатки и прирачници – со оглед на тоаучењетое главниот столбна променаучиме одискуствата на другитеи развивамеалаткии прирачницисо цел да сеподдржиконтинуираниот процес научење на нашитецелни групи

Обезбедуваме услуги – поседувајќи ги нашите капацитети и искуството ние обезбедуваме услуги за граѓанските организации и единиците на локалната самоуправа во областите на проектен менаџмент и локален развој

За кого работиме …

Наш прв приоритет била и секогаш ќе биде заедницата ….

Деца и млади

Жени

Маргинализирани групи

Граѓански организации

Јавна администрацја и владни институции

КОНТАКТ

Ул. Димо Наредникот бб (зграда Ерик)

7500 Прилеп

Тел/фах: +389 48 425 125 тел: +389 48 400 480

e-mail: ccimk@cgimk.org.mk;

www.cgimk.org.mk


 

Женска Граѓанска Иницијатива АНТИКО

antico

Мисија: Промоција на културата на мирот и ненасилството – подобрување на социо- економската положба на жените и постигнување на родова рамноправност преку поддршка и зајакнување на капацитети, влијание за креирање на политики и целосно спроведување на домашни и меѓународни инструменти за заштита на човековите/женските  права.

Визија:  Одржлив мир и развој – граѓанско oпштество кое обезбедува еднакви можности и ги почитува човековите права на сите граѓани без разлика на нивната полова, етничка, верска и секаков друг вид на различност.

ЖГИ АНТИКО е формирана во 1999 година како одговор на потребата на заедницата за мултиетничко вмрежување и тимско делување во областа на демократијата, плурализмот и толеранцијата – унапредување на меѓуетничката соработка, родовата рамноправност и активното учество  на граѓаните во изградбата на мирот во заедницата, преку економска, социјална, културна благосостојба и почитување на основните човекови права на сите луѓе - различни и маргинализирани.

 

Мрежата на АНТИКО со координирани акции и партнерство со граѓанските организации, локалната самоуправа, бизнис секторот, медиумите и други чинители, спроведува континуирани активности кои остваруваат позитивно влијание на ниво на индивидуи, групи и заедницата. Форми на делување: јакнење на капацитети, застапување, промоција, информирање, едукација, неформално образование, родови истражувања, издавање на публикации, спроведување на јавни акции. Во Мрежата на АНТИКО членуваат 16 граѓански организации.

Главни активности:

  • Промоцијата на културата на мирот и ненасилството – создавање на сигурен простор за интеракција на различностите;
  • Социјална инклузија на жени од маргинализирани групи – градење на капацитети за активно учество во јавниот и економскиот живот;
  • Зголемување на бројот на жени на пазарот на трудот – зајакнување на економската моќ на жените;
  • Применување на партиципативни модели на работа и дејствување, базирани на докази;
  • Поддршка за политичко зајакнување на жените - зголемување на политичко-управувачките вештини на жените;
  • Зголемување на влијанието за вклучување на родовата перспектива во политиките и програмите на институциите – родово одговорни стратегии, програми и буџети;
  • Поврзување, вмережување, потикнување и поддршка за развојот на итеректорската соработка  и социјалните партнерства помеѓу граѓанските организации и релевантните институции на локалните и централните власти;
  • Афирмирање на важноста на активното граѓанско учество (на младите и жените) во решавањето на проблемите и потребите на заедницата;
  • Активизам за намалување на родовото и домашното насилство.

КОНТАКТ

ул. „Вуковарска“ бр. 23-1/2,

1000 Скопје,

Поштенски фах. 1090/1010,

тел: 02/2614 641, 02/2611 130;

e-mail: contact@antiko.org.mk; antico@t.mk; www.antiko.org.mk;

facebook.com/WCI.ANTIKO/

twitter.com/wci_antiko/;