ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ

posted in: Повици | 0

Проектот „Здружени сили за заеднички интереси“  имплементиран од страна на ЦОСВ подружница Прилеп во партнерство со ЦГИ Прилеп и ЖГИ АНТИКО од Скопје, финансиран од Европска Унија во рамките на ИПА Програма за поддршка на граѓанско општество и медиуми 2014 објавува повик за мали грантови.

Целта на овој повик е зајакнување на влијанието на граѓанското општество во унапредувањето на односите во заедницата преку партиципативна демократија.

Специфична цел на повикот е:

– поддршка на процесот на градење на доверба во заедницата преку согледување на заедничките интереси на заедницата

-да се стимулираат акции на локалните заедници за учество во процесите на донесување на одлуки на локално ниво.

Повикот за мали грантови е наменет за следните општини: Ресен, Кочани, Делчево, Чашка, Карпош и Теарце.

 

Следете ги линковите подолу за потребните документи:

ПОВИК

Прилог 1 – Образец за пријавување

Прилог 2 – Предлог буџет

 

Рокот за пријавување е 12 февруари 2018 година.