Втората фаза – градење на капацитетите

Втората фаза на градење на капацитетите со општините и менторските организации започна во септември 2017 година со спроведување на 3 обуки. На овие обуки учествуваа претставници од менторските организации и општините Карпош, Делчево, Кочани, Чашка, Теарце и Ресен.

Првата обука за Јавно застапување беше имплементирана во периодот од 20 до 09.09. 2017 од страна на Зоран Стојковски. На оваа обука учесниците добија вештини за водење на процесот за идентификација на заеднички потреби и управување со процесот на застапување и преговарање меѓу креаторите на политиката и заедницата.

Втората обука – Разработка на конфликти преку користење на методата кругови на доверба, беше спроведена на 27, 28 и 29 септември 2017 година од страна на Евгенија Ѓорѓиоска. На оваа обука учесниците ги научија различните фази на разбирање и трансформацијата на конфликти: активно слушање, разбирање на контекстот, ненасилна комуникација, вклучувајќи видливи и невидливи конфликти.

Третата обука, Анализи засновани на факти и истражување беше спроведена во периодот од 03 до 05 октомври 2017 година. од страна на Талија Петреска. Основната цел на обуката беше да им се претстави на учесниците модел на јавно вклучување во политиките за креирање на одлуки, Јавните интереси и нивно застапување, да се идентификува целна група на која и се обраќаат и да научат како да ги пренесат пораките од целната група кон локалните чинители и заедницата. Обуката беше реализирана преку теоретско предавање, и практична употреба на истото преку работа во групи.